Вип корисниците од денеска ќе можат да одберат iPhone паметни телефони кои ќе им бидат достапни на македонските граѓани по цени започнувајќи од 0 денари за моделот iPhone 4S (верзија од 8GB) во тарифниот модел Vip Free + Nolimit + со договорна обврска на 24 месеци.
Освен овој модел во понудата ќе бидат достапни и моделите iPhone 5S (верзија од 16GB) и iPhone 5C (верзија од 8 GB).
“Воведувањето на многу посакуваните iPhone паметни телефони во портфолиото на Вип претставува уште една потврда дека Вип секогаш и на секој можен начин настојува да ги препознае и пресретне барањата на своите корисници. Во неколку наврати веќе докажавме дека им ги нудиме на македонските граѓани современите технолошки достигнувања во индустријата по најповолни цени и со сигурност ќе продолжиме да ја следиме таа насока и во иднина”, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.
Најновата понуда – iPhone за 0 денари е достапна во сите Вип центри ширум Македонија и е реализирана во соработка со Телеком Австрија Групацијата, чиј член е и Вип оператор.