Крајот на сезоната е задоволувачки и туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети, оцени заменик претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
„Имаше неколку причини зошто јули не беше баш најдобро, но еве крајот на сезоната покажува задоволителни резултати, капацитетите на охридско-струшката ривиера се исполнети. Мислам дека и понатаму вака ќе се продолжи. Ќе ги имаме во предвид очекувањата за следната година, како треба да се подготвиме и кои понуди да ги издадеме“, рече Блажески.
Годинава, како и претходните, најбројни се гостите од Холандија, потоа од Турција, Грција, Србија, Албанија, а во јули добар дел од капацитетите биле исполнети со Норвежани.