Италија одобри гаранција за кредит од 6,3 милијарди евра за Fiat

62

Италија донесе уредба со која на италијанската Fiat Chrysler ѝ одобрува државна гаранција за кредит во износ од 6,3 милијарди евра, пренесува Reuters.

Италијанскиот ревизорски суд донел таква одлука по долготрајната постапка во којашто било оспорувано одобрувањето ваква гаранција за компанијата.

Одобрението од судот следува со претходна согласност од Министерството за економија.

Кредитот на италијанската компанијата ќе ѝ го одобри банката Intesa Sanpaolo, којашто ја прифати гаранцијата од државата при што 80% од износот на кредитот ќе биде обезбеден преку извозно – кредитните агенции SACE.

Фото: Facebook