Италија: Сламки од тестенини за почиста околина

55

Stroodles претставуваат италијански тестенини, коишто за разлика од сличните на нив, не завршуваат во чинија, туку служат како сламки.

Со цел да се намали пластичниот отпад, италијански барови на своите гости им нудат тестенини наместо сламки кога ги служат со пијалак.

Stroodles се изработени од мешавина на пченица и вода, па затоа се целосно вегански и биоразградливи. Но, не се препорачува од нив да се пие топло кафе или чај, пренесува Unilad.uk.

Минатата година, Brace&Browns – бар од Бристол, Велика Британија, ги претставија сламките од паста.

Инаку, 12 сламки на Stroodles чинат околу четири евра.

Фото: Stroodles