Се повеќе Италијанци заминуваат во Албанија во потрага за работа и подобар живот. Според податоците на албанската влада, со дозвола за работа или студирање, во Албанија престојуваат околу 19.000 Италијанци, пишува ANSAmed.
Во последните две години, тие се повеќе се вработуваат на албанските универзитети, ресторани, служби за корисници или отвораат мали бизниси.
“Луѓето се повеќе мигрираат во спротивна насока, што покажува дека ветерот се менува и претставува позитивен знак за европската интеграција”, изјави за Анса албанскиот министер за социјална политика и млади, Ерион Велај, при посетата на Рим минатиот месец.
Според неговите зборови, Албанија сега претставува “мала Америка” на Јадранот.