Пожар избувна во холот на Трговскиот центар во Штип. Опожарени се тезгите на кои се продаваше најразлична стока, пишува Миа.
Според првичните информации, нема поголема материјална штета, а сопствениците на околните дуќани велат дека поради пожарот оштетена е електричната инсталација и климатизерите во нивните објекти.
Во тек е увидот од страна на полицијата, со цел да се утврдат причините за пожарот.
Сопствениците на дуќаните велат дека пожарот избувнал околу четири часот утринава, по што веднаш е известена Противпожарната единица. Пожарникарите интервенирале со што спречиле ширење на пожарот кон горните катови на Трговскиот центар.