Преку претставата „Историската претстава за деловен прирачник – 5 до 12“ и многу забава, Македонија-Експорт Консалтинг вчера во МКЦ го промовираше вториот прирачник Tip of the Week® #2 – Прирачник за личен и за професионален развој. Прирачникот е продолжение на успешната приказна на Tip of the Week® #1, најпродаваниот прирачник за личен и професионален развој во Македонија, продадените над 7.000 копии и повеќето од 200 компании од различен профил кои го користат за до-едукација и мотивација на своите вработени.
„Првиот прирачник го посветивме на имплементацијата и има за цел да го истакне значењето на имплементацијата во однос на информираноста. Вториот прирачник го посветуваме на ПРОМЕНИТЕ, бидејќи промените се тие што во следниот период ќе треба да ни станат навика, да бидат дел од нашето секојдневие и да нè направат различни од конкуренцијата, од колегите, од опкружувањето. Tip of the Week® #2 е за сите кои сакаат да инвестираат и да работат на својот личен и професионален развој, за сите кои сакаат да ја напуштат конфорната зона и да се соочат со стравовите од непознатото!“, велат авторите на прирачникот Петар Лазаров и Калин Бабушку.
Tip of the Week® #2 нуди 40 совети и одлична содржина која мотивира, нестандарден и уникатен дизајн, многу реални и практични примери за подобрување на Вашето работење, како и многу забава.
Прирачниците Tip of the Week® се наменети пред сѐ за деловни професионалци, така што компаниите може директно да го нарачаат од Македонија-Експорт Консалтинг, а индивидуални примероци може да се купат во книжарниците Култура, Три, Матица, Икона, Табернакул и Office plus. Прирачникот е по цена од 200 денари.