Извозот на кромид ни донесе над 2,2 милиони долари

83

Извозот на кромид минатата година беше скоро четири милијарди долари или 12,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Холандија има удел од 20,5% во вкупниот извоз и заработи 815,2 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на кромид во светот лани беа и: Кина (604,4 милиони долари), Индија (364,7 милиони долари), Мексико (356 милиони долари) и САД (287,7 милиони долари).

Македонија е 55-та во светски рамки со извезен кромид вреден 2.237.000 долари или 42,4% повеќе во споредба со 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем извозник на кромид е Србија со 6,6 милиони долари. Потоа следат: Словенија (шест милиони долари), Грција (четири милиони долари), Албанија (1,1 милион долари) и Хрватска (655.000 долари).

Фото: Freepik