Една декада по лансирањето на оригиналниот керамички часовник на Шанел J12, францускиот луксузен бренд произведе нова верзија, инспириран од ноќното небо.
Производителот додаде уште еден технички детал на часовникот, индикатор кој ќе покажува во која фаза е Месечината, млада, полна, прва или последна четвртина.
Ова не е прв пат да се вметне ваква функција во светот на часовниците. Но сепак, повеќето од часовниците кои ги покажуваат фазите на Месечината го прават тоа преку отвор во делот за бирање, додека J12 Moonphase ја презентира сликата на Месечината на мала подлога во темно сина боја, прикажувајќи го изгледот на ноќното небо.
Покрај ова J12 Moonphase ги вклучува сите останати перформанси што може да се очекуваат од еден луксузен часовник, како швајцарска изработка на механичко авто-движење и индикатор на датум.
Љубителите на Шанел ќе можат да избираат помеѓу белата и црната верзија на керамичкиот часовник, која ќе биде достапна со дијамантски рамки (18.000 евра) или без дијамантски рамки (6.900 евра).