Ја смени стратегијата и заработува дупло – јутуберка открива еден трик

319

Едноставна промена може да ви донесе многу повеќе пари од видеа на YouTube. Искусна јутуберка објасни како да го постигнете тоа. 

Има сè поголем број на блогери кои прават сериозни суми преку нивниот канал на YouTube од само едно објавено видео. Една од нив, Шелби Чурч, која има 1,4 милиони следбеници и заработи двојно повеќе пари во 2019 година применувајќи еден трик.

Чурч одлучи да сподели со сите кои сакаат да профитираат од оваа популарна платформа, пишува Business Insider.

Имено, Чурч, откако разменила искуства со пријатели кои, исто така, се јутубери, сфатила дека треба да направи само една работа за да ја удвои заработката. Така, во средина на 2019 година, одлучила да ги продолжи своите снимки да траат подолго од 10 минути, поради што нејзиниот приход од реклами е дуплиран.

Имено, YouTube им дозволува на своите корисници со 1.000 претплатници и 4.000 објавени часови да заработат на своите канали со реклами на Google. Колку пари заработуваат на тој начин зависи од тоа колку време гледачот се задржува на снимката, должината и демографските карактеристики на гледачот. Една од вообичаените техники што јутуберите ја користат за да заработат повеќе пари е да се направат подолги снимки што ќе содржат повеќе реклами.

Зошто ова функционира?

Видеото кое е подолго од 10 минути има разновидни опции за реклами, па така може да се избере дали тие ќе бидат пуштени на почетокот на снимката, неколку пати за време на снимката или на крајот.

Во 2018 година, снимките на Чурч биле пократки од 10 минути, па можела да пушти само една реклама. Кога во средината на 2019 година ги продолжила снимките, за тој период од годината заработила дупло повеќе од претходната.

Фото: Pexels