Фото: Pixabay
Јаболковиот оцет се добива со ферментација на сок од јаболко. Миризбата не е пријатна, но сепак неговите благодети за кожата се големи.
Оцетот од јаболко содржи ензими, минерали и пектин што на кожата ѝ даваат одлична нега.
Ја подмладува кожата
Јаболковиот оцет може да ги отстрани мртвите ќелии од лицето, со што ја подмладува и ја прави поздрава.
Треба само да нанесете растворен јаболков оцет во вода на лицето со памукче и да масирате со кружни движења на местата каде имате знаци на стареење.
Оставете го оцетот да стои 30 минути, а потоа измијте го лицето. Постапката правете ја два пати на ден.
Ги отстранува акните и другите неправилности на кожата
Оцетот има антигабични, антивирусни и антибактериски својства. Ги отстранува нечистотиите од порите и ја спречува појавата на акни.
Освен тоа, го спречува настанувањето на митесери, ја одржува pH рамнотежата на кожата и го отстранува вишокот на маснотии.
*Пред да го нанесете растворениот оцет на лице, ставете прво малку зад ушите и доколку почувствувате пецкање или било каква иритација, не го користете тоникот.