Јакарино: Твитер сака да стане најточниот извор на информации

42

Новиот извршен директор на Твитер, Линда Јакарино, ги претстави своите први планови за компанијата седум дена по преземањето на новата улога во компанијата.

Во неколку мејлови што ги проследи до вработените во компанијата, директорката ги повтори целите на Елон Маск за тоа како Твитер мора да се трансформира во глобален „градски плоштад“.

„Таа рече дека тоа ќе и помогне на цивилизацијата да оди напред преку нефилтрирана размена на информации и отворен дијалог за работите што ни се најважни“, пишува Би-Би-Си.

Таа исто така нагласи дека целта и мисијата на компанијата е да стане најпрецизен извор на информации во светот во реално време.

„Од истражување на вселената до електрични возила. Елон знаеше дека на овие индустрии им е потребна трансформација, па го направи тоа. Во последно време станува се појасно дека на глобалниот градски плоштад му треба трансформација“, напиша новиот извршен директор.

Зборувајќи со вработените, Јакарино рече дека Твитер е на работ да испише историја.

„Треба искрено да верувате и да работите напорно за тоа. Имаме можност да создадеме нови партнерства и заедно да изградиме нешто што може да го промени светот. Вие сте создадени за ова. Успехот на „Твитер 2.0“ е целата наша одговорност“, заклучи таа.

Јакарино официјално ја презеде улогата на директор на 6 јуни, а Маск рече дека ќе помогне во изградбата на апликацијата за сите граѓани.