Фото: Pixabay
Универзитетската болница во јапонскиот град Нагоја во февруари ќе добие четири роботи развиени од Toyota што ќе му помагаат на медицинскиот персонал, а нивната работа ќе биде тестирана една година, пишува Engadget.
Роботите ќе се користат во ноќна смена кога има помалку луѓе низ болничките ходници за да пренесуваат лекови и примероци за тестирање на различни катови во болницата. Во роботите се вградени мобилни фрижидери со капацитет од 90 литри. При движење, роботите ќе користат радар и камери и на тој начин ќе избегнат сударсо луѓе на патот или ќе побараат од нив да се тргнат од патот.
Болничкиот персонал ќе може да управува со нив преку таблет, а доколку тестот успешно помине болницата ќе набави уште роботи.