JPMorgan ќе вработува луѓе со криминално досие

53

Најголемата банка во САД, JPMorgan планира да вработува луѓе кои зад себе имаат криминално досие. Земјата се соочува со највисока стапка на невработеност во последните 50 години, па банката реши на овој начин да помогне таа бројка да се намали.

Оттаму велат дека сакаат да го прошират портфолиото на кандидати за работа и дека не треба да се суди за работоспособноста врз основа на минатото, пишува CNN. JPMorgan веќе вработи неколку претходно осудувани луѓе на работни позиции од типот на обработка на трансакции и сметки.

Банката за оваа цел ќе соработува со граѓански организации коишто ќе помогнат во обучување на луѓе низ самиот процес. Организации во Чикаго, Детроит и Нешвил ќе добијат финансиска помош од седум милијарди долари за поддршка на идните работници со криминално минато.
Фото: Pixabay