Еден литар бензин во Хонг Конг е 2,09 евра, додека во Венецуела е 0,00 евра, покажуваат податоците на Global petrol prices.
Меѓу земјите коишто имаат највисока цена на овој енергенс, освен Хонг Конг, се и: Исланд (1,75 евра), Барбадос (1,73 евра), Монако (1,72 евра) и Норвешка (1,71 евра).
Од земјите во регионот, на бензинските пумпи во Грција се точи најскап бензин од 1,62 евра. Во Албанија еден литар бензин чини 1,45 евра, во Црна Гора 1,36 евра, додека во Хрватска цената на бензинот, заклучно 30-ти септември, изнесува 1,31 евра. Во Словенија литар бензин се продава по цена од 1,30 евра, а за два цента поевтино во Србија (1,28 евра). Македонија, според податоците, е земја во којашто литар бензин чини 1,11 евра. Поевтин бензин од кај нас, во регионот има Бугарија (1,10 евра).
Петте земји во коишто бензинот е најевтин се: Куба (0,08 евра), Судан (0,13 евра) и Алжир (0,32 евра).
Фото: Pixabay