Како да работиме без главоболка?

131

Фото: Pexels

Многу секојдневни работи како што се расправиите, обврзувачките рокови, прекувременото работење, недоволното спиење и слично, можат да ни создадат главоболки. Општо земено, главоболките се одговорот којшто го добиваме од телото за нанесениот физички или емоционален стрес.

Пред да пробате проблемот да го решите со лекарства, обидете се со некој од следниве природни начини.

Чај од ѓумбиров корен

Ѓумбирот може многу да помогне против мигрената. Тој е одлично решение за намалување на мачнината којашто ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.

Етерични масла од мајчина душица и рузмарин за масажа

За ублажување на главоболката, капнете неколку капки етерично масло од мајчина душица или рузмарин на вашето чело. Протријте нежно за да се впие во кожата, а потоа мирувајте неколку минути. Во едно истражување направено во 2010 година, истражувачите откриле дека овие масла содржат супстанца која делува анти-воспалително.

Чај од камилица

Чајот од камилица содржи состојки кои можат да ја намалат болката и да ве релаксираат. Сварете шолја чај, употребувајќи една филтер кесичка. Оставете го поклопен десетина минути и по желба засладете со мед.

Магнезиум

Истражувачите велат дека оние кои страдаат од мигрена секогаш треба да го поседуваат овој важен минерал дома. Според истражувањата, овие луѓе имаат ниско ниво на магнезиум во нивниот мозок за време на “нападите“ или пак имаат општ дефицит од магнезиум во организмот.

Витамин Б2

Внесувањето 400 милиграми од овој витамин, познат и како рибофлавин може за 50 % да ги намали шансите за мигрена. Кај 60 % од волонтерите, за време на едне експеримент, кои три месеци редовно внесувале толкава количина од овој витамин, резултатите биле позитивни.

Екстракт од лопушка (овчарка)

Лековитата тревка наречена лопушка или овчарка претставува ефективно средство кое помага при намалување на главоболката. Се препорачува да се пие 75 милилитри екстракт од оваа тревка за време на првиот месец, а потоа да се пие два пати на ден по 50 милилитри.

Вежбајте

30 минутно шетање, возење велосипед или некоја друга умерена физичка активност треба да станат вашата рутина. Експертите се уште не се сигурни како вежбањето помага против главоболките, но сметаат дека има поврзаност со хормонот на среќата, ендорфин, кој се ослободува во текот на вежбањето.