Како до подобро здравје?

57

Доброто здравје е примарна грижа на луѓето. Но, колку и како знаеме и умееме да се грижиме за себе си е сосема друго прашање.

Во продолжение неколку мали совети и занимливости, што ќе ве упатат како подобро да се грижите за вашиот ум и тело.

Читањето книги може да го намали нивото на кортизол, (хормон што се лачи при стрес) дури за 67%

Пиењето кафе во умерени количини помага при ризик од депресија, особено кај жените.

Чајот ги намалува ризицте од срцев удар, одредени видови на рак, дијабетес тип 2 и Паркинсонова болест, под услов истиот да не е засладен.

Јадењето овесна каша како оброк, го снабдува организмот со серотонин (хормон на среќата) со што се смирува мозокот и се подобрува расположението.

На жените под 50 годишна возраст им е потробно двојно повеќе количество на железо, отколку на мажите под таа возраст.

Аминокиселините што се наоѓаат во јајцата помаат за подобрување на рефлексите.

Брзо одење барем три часа во неделата, го намалува ризикот од срцеви заболувања за 65%.

Миењето на забите веднаш после оброкот е штетно за забната глеѓ. Особено ако сте конзумирале киесела храна.

Носот или сетилото за мирис, може да запомни и до 50.000 различни миризби. 

Очните мускули се најактивни мускули во телото. Истите се мрдаат повеќе од 100.000 пати дневно.