Како функционира Safe Kids софтверот за заштита на децата на интернет

199

Понекогаш е навистина тешко да ги заштитите вашите деца додека играат или сурфаат на интернет, но постојат решенија за интернет безбедност кои можат да ви помогнат вам и на вашето дете да имате позитивно и безбедно искуство додека тие се во онлајн просторот.

Додека се на училиште или игралиште,но и кога седат пред компјутер децата ќе треба да донесат самостојни одлуки со што се отвора простор и да направат некои грешки.

Затоа, безбедноста на децата во интернет игралиштето е вистински предизвик, особено ако се земе во предвид дека во тој период нема присуство на учителката или тренерот, туку се оставени речиси самите на себе.
23621406_10155873438154836_994981582134154923_n

Но, виртуелниот свет не мора да биде опасен. Сега, децата можат да безбедно да ги направат првите чекори во дигиталниот свет. Мултимедијалниот софтвер за родителска заштита на децата SafeKids вклучува мониторинг на комуникациите, заштита од ризиците на интернет, потврда за локација на децата, управување со времето поминато на уредот.Safe Kids е достапен и на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството.

Овој софтвер на меѓународната лабораторија за интернет безбедност Касперски, ги нуди следните главни опции:

Мониторинг на комуникациите. Овозможува следење на комуникациите на децата, вклучувајќи ги и јавните активности на Фејсбук, повиците и СМС-пораките на андроид уредите. Децата се најранливи во интернет просторот, па затоа оваа опција им овозможува на родителите да ги заштитат своите деца од несакани конверзации и разговори со непознати. На овој начин ќе можете да ги мониторирате и спречите комуникациите на вашето дете кои можат да водат до извлекување на лични и семејни податоци, детали за сметки, контакти и адреси преку чет апликациите.

foto-3-k

Заштита од ризиците на интернет. Помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст. Оваа опција им помага на родителите да ги заштитат своите деца од пристапување на интернет содржини кои се неадекватни за нивната возраст и кои можат да го нарушат нивниот развој, но и да ги вознемират или направат агресивни. Исто така, на овој начин детето се заштитува да не дојде во евентуален допир со сајбер-насилство, односно да не бидат психички омаловажувани и малтретирани.

Потврда за локацијата на која се наоѓа детето. Safe Kids софтверот на мапа ја покажува локацијата на детето и во реално време праќа нотификации, доколку ја напушти безбедната зона што Вие ќе ја дефинирате. На пример, доколку во одреден период вашето дете треба да биде во училишната зграда, а тоа ја напушти локацијата, ќе ви стигне известување за тоа. На тој начин можете веднаш да го контактирате детето со цел да проверите каде се наоѓа или, пак, да се обидете да спречите кражба на телефонскиот уред доколку за тоа станува збор.

Управување со времето поминато на уредот. Му помага на детето при користење на веб-страници и уреди, со што лесно го насочува како да управува со своето време. Родителите имаат опција да определат период и време во кое детето ќе има пристап, односно ќе биде “закачено“ на интернет. На овој начин, дополнително, се создаваат здрави навики за времето поминато на интернет во текот на денот, детето стекнува правила за користење на интернетот, но се заштитува и од деноноќното играње на игри и гледање на онлајн видеа.

На оваа тема разговаравме и со Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми. Тој се сложува дека најефективна е комбинацијата од родителска информираност и контрола и користењето на софтвери за заштита на децата.

“Улогата на родителот не може никој да ја замени, особено во воспитувањето и насочувањето на детето како да се однесува додека е во онлајн просторот. Но, замислете колкава поддршка е да имате некој кој нема да му дозволи на вашето дете воопшто да пристапи до веб страни и апликации кои се несоодветни за неговата возраст или да ви дава преглед на опасните конверзации и разговори во кои детето може да западне и да стане предмет на кражба на лични податоци или да се соочи со вербално омаловажување и насилство. Токму тоа го нудат софтверите за родителска контрола, но и многу повеќе.“, истакнува тој.

Кордалов вели дека сè што се случува во секојдневието, се пресликува и во интернет просторот, а навиките и опасностите само се пресликуваат.

“Истите ризици и опасности кои постојат во реалноста, демнат за децата и во виртуелниот свет. Разликата е само во тоа што тие се прилагодени и трансформирани на дигитален начин. За таа цел, како што ги воспитуваме нашите деца да ги почитуваат сообраќајните знаци или да не разговараат со непознати на улица, потребно е да изградиме и воспоставиме правила кои децата ќе ги научат и почитуваат онлајн. Разговорот со децата е клучен, а тие во родителите треба да гледаат авторитет, но и пријател кој може да им помогне во овој дел.“, посочува Кордалов и додава дека враќање назад од дигитализацијата нема да има, па затоа треба целосно да го прифатиме новото време и така да ги заштитиме децата.

Тој советува родителите да бидат постојано информирани и во тек со сите новини кои секојдневно се случуваат на интернет и на социјалните мрежи, бидејќи одговорноста и во овој дел во воспитувањето е одговорност на родителите, а не на децата.