Понекогаш сме доведени во ситуации каде емоциите можат да надвладеат со разумот, па потоа да бидеме разочарани. Затоа, еве како паметно да постапите на работа и да останете свои на своето.
Гледајте си ја својата работа
Вашата работа е само ваша и не треба да биде ничија грижа. Исто така и вие не треба да се мешате онаму каде што не треба, освен ако ситуацијата негативно влијае на вас.
Не го задржувајте гневот во себе
Ако има проблем обидете се да го решите. Во спротивно вашето однесување ќе станува сè полошо, ќе бидете помалку продуктивни и понервозни. Не “собирајте во себе“, туку обратете се онаму каде што треба, односно кај самиот “извор“ на вашите негативни емоции.
Согласете се дека не се согласувате
Доколку со некој колега имате спротивни гледишта и мислења за одредени работи, можете да се докажувате и конфронтирате цел ден. Наместо тоа, бидете попаметни и согласете се дека, ете за нешто не се согласувате и продолжете со сопствените активности.
Бидете човек со интегритет
Колку и да имате конфликт со некого, не потклекнувајте на лоши коментари за личноста, однесувајте се пристојно и не дозволувајте да изгубите контрола. Ако ја проектирате таа слика за себе си и останатите ќе го следат вашиот пример.
Фото: Pexels