Како Reddit го катапултира богатството на Брансон?

38

Милијардерот Ричард Брансон на своето богатство си додаде уште околу две милијарди долари од почетокот на јануари, бидејќи акциите на Virgin Galactic Holdings Inc достигнаа нова висока вредност по настаните на Wall Street.

За тоа се заслужни и малите инвеститори од платформата Reddit.

Брансон, чија компанија минатата година мораше да се спасува од колапс, сега има рекордна нето вредност од 7,8 милијарди долари. Неговиот удел во Virgin Galactic сочинува скоро половина од неговото богатство.

Вселенскиот туризам е еден од најновите предизвици на Брансон, кој е сериски претприемач, кој во своето портфолио има различни бизниси, од издавачки куќи до безалкохолни пијалаци.

Брендот Virgin, што го основаше во 70-тите години на минатиот век, сега се поврзува со повеќе од 40 компании ширум светот.

Фото: Facebook