Неколку корисни совети за да оставите добар прв впечаток
Зборувајте побрзо
Подобро е да зборувате брзо и да паузирате кратко, отколку да дискутирате со бавно темпо без паузи.
Не започнувајте тешки теми
Никогаш не бидете иницијатор на тешки теми, што можат да предизвикаат и расправија. Ако некој друг сака да наметне нешто такво, можете слободно да се повлечете.
Не одолговлекувајте
Имајте навика да бидете брзи и да не одолговлекувате. Преминете на тоа што сакате да го кажете без многу заобиколување.
Покажете емоции
Не бидете монотони. Одвреме навреме, насмевнете се, истакнете некој збор погласно и слично. Покажете дека сте човек со чувства.
Внимавајте на говорот на телото
Како што зборувате така се движи и вашето тело, рацете, нозете, главата. Обидете се да го гледате соговорникот во очи, да стоите исправено, со благ наклон кон соговорникот и да не си “играте“ со облека, накит, коса…
Отворен ум
Не приоѓајте кон некој со мислата дека ќе покажете што знаете и умеете. Бидете со отворен ум и научете нешто од човекот до вас, споделете и изградете можност за соработка и личен развој.
Фото: Pixabay