Новости

Бруто домашниот производ во 2015 година изнесува 558.240.000.000 денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5,8%, додека реалната стапка на раст е 3,8%.
На 49-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, во категоријата за промоција на специфични туристички понуди, Етно село Тимчевски – Куманово го доби златниот медал за квалитет на услугата во категоријата Етно туризам.
DrinkApp користи GPS технологија за препознавање на угостителскиот објект во којшто се наоѓа корисникот, а потоа му овозможува да нарача храна и пијалаци со помош на QR код.
УСАИД потпиша 10 годишен кредитен гаранциски договор со три банки – Комерцијална банка, Стопанска банка Битола, ПроКредит банка, и две штедилиници – Можности и ФУЛМ.
Наградната игра за којашто беше креирана кампањата на почетокот на годината, забележа неверојатен успех ширум земјава, со продадени вкупно 55.000 албуми, а испратени дури 13.653 албуми со сликички.
Новата египетска престолнина би требало да се протега на површина од 700 километри квадратни, а ќе има капацитет за околу пет милиони луѓе.
На местото на несреќата доаѓаат во рок од 24 часа, па затоа се претставуваат како “итна помош за имотот зафатен од пожар или поплава“.
Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.
Настанот, организиран од македонската агенција P World, вклучуваше презентации од светските гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP и VISA.
Специјални очила што ќе им овозможат на лицата со оштетен вид да ги препознаваат објектите коишто се наоѓаат во непосредна близина на слепото лице е идејата која го освои првото место на Наградата за социјално претприемништво 2016.
Индустриското производство во август оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемено за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Р3 Инфомедиа, сопственик на брендовите Златна книга и Маркетконект, преку својата онлајн платформа www.zk.mk обезбедува бесплатна годишна промоција во износ од 120 евра за секоја новооснована фирма во Македонија.
Направено е модернизирање и одвојување на популарниот вински бренд Александрија во посебна линија, којашто покрај добро познатите црвена и бела Александрија е збогатена и со ново полусуво розе вино.
Зголемен прометот во трговијата на мало во август, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Сите сме свесни дека најдобрата инвестиција што можеш да ја направиш за да достигнеш кариера е да вложиш многу работа и труд. Но, ако сакаш да пливаш со големите риби, има уште неколку работи во кои вреди да инвестираш.
Хрватската фармацевтска компанија ПхармаС почна нова кампања за подигнување на свеста за здраво детство, насловена како Хранете се здраво за детство среќно и убаво, поддржана од ПРОБаланс.
Профитниот центар Фармација во Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со сертификатот ЕC за производите Прокулин солзи (PROCULIN® TEARS) и Прокулин солзи адванс (PROCULIN® TEARS ADVANCE).
Таа е опремена со сензори коишто ѝ овозможуваат да ја следи столицата пред неа. Штом корисникот ќе заврши работа, празното седиште се враќа назад во редот и може да биде искористено од друг.
Враќањето на нарушената доверба на јавноста е главниот предизвик пред којшто се исправени банките во следниот период, што во голема мера зависи од евентуалното конечно надминување на негативните ефекти од нестабилниот домашен амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.
Доколку се случи пад на температурите, грејната сезона може да започне порано од 15-ти октомври, а проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки.
Словенија исполни дури 96 од можните 100 критериуми кои се однесуваа на заштита на животната средина и потенцијали на одржлив туризам.
Активата на банкарскиот систем, во вториот квартал од 2016 година, забележа пад од 1,5%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Во Македонија се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со којашто манипулираат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите.
Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации.