Новости

Најновото европско издание на весникот Волстрит журнал пишува дека Словенија, која минува низ финансиска и банкарска криза понуди за продажба 15 државни компании и банки.
Министерството за финансии соопшти дека ја откажа за закажаната аукција на државни хартии од вредност, што е втора аукција на државни хартии од вредност која се откажува во последно време
Според зејмоделците мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм,
Компанијата Procter&Gamble ја ангажираше популарната колумбијска пејачка Шакира во улогата на глобален амбасадор за производите неменети за нега на забите.
Во Берово, денес во 11 часот ќе се одржи јавната електронска распределба на 20 социјални станови во општината , на којашто ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Основачот на Амазон, Џеф Безос го купува американскиот весник Вашингтон Пост за 250 милиони долари.
На граничните премини Табановце и Богородица и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се околу 20 минути.
Според податоците на Државниот завод за статистика Македонија успеала да го намали дефицитот во надворешно трговската размена во првото полугодие од годината за околу 65 милиони долари, во однос на истиот период лани, што се должи на порастот на извозот за околу 63 милиони долари.
Кога за прв пат се појави live streaming, односно емитување на видео во живо на интернет, тоа воопшто не беше ефтин начин на презентација.
Откако во млечните производи, кои новозеландската компанија Фонтера ги дистрибуираше на кинескиот пазар беше пронајдена опасна бактерија која предизвикува ботулизам, таа упати длабоки извинување на Кина.
Престижниот Porsche Panamera од втората генерација пристигна и во Македонија.Aвтомобилот претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.
Во текот на првото полугодие од 2013 година ТТК Банка АД Скопје остварила позитивен финансиски резултат кој изнесува 34,5 милиони денари (околу 560.000 евра), се вели во денешното соопштение на банката.
Во првите пет месеци од годинава хрватската пошта остварила губиток од 29 милиони куни, a до крајот на годинава тој се очекува да порасне на 60 милиони куни.
На денешната промоција на вториот авион на нискобуџетната авиокомпанија Виз ер, која реализира летови со субвенции од Владата, ќе присуствува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Сајпрус Ервејз најголемата авио компанија од Кипар, е пред банкрот и итно и се потребни околу 17 милиони евра за да може да продолжи да функционира, се вели во британскиот весник Сандеј Тајмс.
Компанијата Мубадала од Обединетите Арапски Емирати е заинтересирана за инвестирање во Телеком Србија, пишува српскиот дневен весник Блиц.
Љупчо Аризанов, претседателот на регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци, изјави дека годинава очекува релаксиран гроздобер и зголемување на побарувачката на грозје.
Унгарската нафтена компанија MOL уште еднаш ќе се обиде да ја поттикне хрватската страна на соработка околу хрватската нафтена компанија ИНА, но доколку не успее, MOL сака да го продаде својот удел во ИНА.
Годинава кај цените на мало во јули е забележано намалување во однос на претходниот месец, а зголемување во однос на јули минатата година.
Домаќинствата приклучени на најголемиот скопски снабдувач со топлинска енергија Балкан енерџи груп - БЕГ од денес ќе плаќаат за 2,82% пониска цена за парно греење, а корисниците на Скопје-Север за 2,12%.
Договорот за стратешко партнерство ЈАТ и Etihad треба да го потпишат денес. Откако и официјално ќе станат стратешки партнери, Etihad за 49% удели во српската национална авиокомпанија ќе вложи 100 милиони долари и името од ЈАТ ќе го смени во Air Serbia
Вкупните странски директни инвестиции реализирани во мај годинава изнесуваат 28,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија (НБРМ)
Ватиканската банка ја лансираше интернет страницата www.ior.va, во обид да го поправи својот имиџ по низата скандали и бројни критики на сметка на недостаток на транспарентност
Хрватскиот концерн Агрокор преку Сбербанк му даде на Меркатор гаранција од 18 милиони евра кои ќе останат кај словенечкиот трговски ланец доколку продажбата не се реализира.