Новости

Елаборатите за легализација на бесправна градба, мора да бидат поднесени најдоцна до 18 јуни 2014 година.
Во јуни 2013 во однос на јуни 2012 бројот на работници во индустријата бележи раст од 0,5%, а во првите шест месеци од годинава во споредба со шесте месеци од минатата година има пораст од 0,6%.
Во втората половина од месец јули биле испорачани педесетина пресметки за неовластено користење на електричната енергија за што се поднесени и кривични пријави за корисниците, соопшти денес ЕВН Македонија
“Солените” цени на Јадранот, а особено во Дубровник не се никаква новост.
За да опстанат на пазарот, произведувачите почнаа да произведуваат апарати со повеќе можности, но и да ги качуваат цените.
Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија Сообраќај денес во Струмица ќе одржат работилница за олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање на електронски пред-декларации.
Стапката на невработеност во земјите од регионот, според податоците на локалните заводи за статистика е во благ пад, а во исто време е забележан раст на регистрираните вработени лица.
Социјалистичкиот сенатор и поранешниот француски министер за одбрана Ален Ришар е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лорен Фабиус за поттикнување на економската размена меѓу Франција и земјите од Балканот.
Данското трговско друштво за прекуокеански развој Ведел Ај-Ти ќе отвори нови канцеларии во Скопје.
Бор од Кавадарци, подружницата на Македонски шуми, од утре ќе започне да издава дозволи за собирање шумски плодови.
Руските инвеститори се интересираат за програмата за приватизација во Словенија, а особен интерес покажуваат за Телеком Словенија, банките и Аеродром Љубљана.
Годинава во Охрид изостанаа најбројните гости, српските туристи, кои важат за добри потрошувачи.
Во три фабрики на партнерот Pegatron на оваа компанија работат малолетници, а неделно се работи во просек 69 часа. Притоа, хигиената е на ужасно ниско ниво. Истражителите на CLW во фабриките работеле прикриено.
Руската комисија за заштита на потрошувачите забрани увоз на кондиторски производи од украинската компанија Roshen, поради сомневање во квалитетот и безбедноста на производите од четири фабрики на компанијата.
Турскиот авио-оператор ТАВ соопшти дека се квалификувани да конкурираат за правото да оперираат и да го реконструираат Ла Гвардија аеродромот во Њујорк, како дел од конзорциум.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст 1,9%
Унгарската влада размислува од идната година да воведе данок на луксузна стока од 30% до 35%, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Просечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 денари и бележи зголемување од 2% во однос на мај лани.
Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница одржана денес одлучи да се зголеми цената на литар еуросупер-БС 95 за 1,50 денари, на 82,50 денари, а цената на литар еуросупер-БС 98 да се зголеми за еден денар, на 84 денари.
Според податоците што компанијата Google редовно неделно ги објавува, сопствениците на авторски права од почетокот на годината побарале да се тргнат преку 100 милиони URL линкови од пребарувачот.
Следната година ќе се реконструира железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција, во должина од околу 17 километри.
Во рамки на неформалната меѓувладина мини седница која се оддржа во Ќустендил, Бугарија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, оствари билатерална средба со Димитар Греков, бугарскиот министер за земјоделство и храна.
Американската маркетинг агенција Omnicom и француската Publicis ќе се спојат во една, најголема маркетинг фирма на светот, вредна 35,1 милијарди долари.
Пивоварна Лашко потврди дека е започната постапка за продажба на Раденска. За најголемиот словенечки произведувач на минерална и изворска вода се интересира чешката компанија Кофола.