Новости

Општината Вевчани доби грант од 1.220.000 денари за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште Страшо Пинџур.
Најризични работни места и најмногу на удар од високите температури се градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата.
Главни цели на самитот се привлекување на странски инвестиции и поддршка на македонскиот бизнис сектор преку воведување на нови и најдобри пракси на полето на иновации и претприемништо.
Коестлин, Мегле, Лура, СМС, Сирела, ППК Карловачка месна индустрија се само некои од фирмите чии производи веќе нема да стојат на полиците во продавниците во БиХ.
Според некои проекции, Twitter денеска вреди преку девет милијарди долари.
Засега авиопревозникот ќе се фокусира на летови меѓу Москва и Будимпешта, за што веќе има дозвола од руските власти, а првиот лет е планиран за 23 септември.
Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонија во партнерство со универзитетот Поинт Парк во Питсбург, денеска во Охрид ќе претстави проект за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар.
Одлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство дека се исполнети два услови.
Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар.
Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.
Уметникот Николај Лам направи визуализација на големината, формата и бојата на wi-fi сигналите, како би изгледале кога би биле видливи за човечкото око.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја потпише Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка.
Авторката на класиците “Гордост и предрасуди“, “Разум и чувства“ и “Ема“, на фунтата ќе го замени научникот Чарлс Дарвин од 2016 година.
Станува збор за по две локации во општините Велес, Свети Николе и Штип, по една во Демир Капија, Градско, Росоман.
Приходите на компанијата достигнале 35,3 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувале 35 милијарди долари. Растот на приходите се должи на растот на продажбата на iPhone на пазарите во САД за 51%, а во Јапонија за 66%.
Регулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82% за корисниците на Балкан енерџи груп, 2,12% Скопје Север и за 0,71% за корисници што се греат преку ЕЛЕМ – Енергетика.
КХВ при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти утврди дека брокерската куќа не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози.
Одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира.
Делегација на водечката светска инвестициска банка Goldman Sachs денеска и утре ќе престојува во Србија, каде со претставници на српската влада ќе разговараат за проекти и можности за инвестирање.
Просторот е опремен со повеќенамеснка кујна - модерни кујнски елементи, мал шпорет, мијалник, простор за чување предмети и масичка која се поставува по потреба.
Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативен облик на штедење и ќе им бидат конкуренција на златото или недвижностите.
Карстен Шлотер, извршниот директор на телеком компанијата Swisscom, е пронајден мртов во неговиот дом во регионот на Фрајбург, соопшти полицијата. Властите претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.
Косово кон крајот на годината ќе почне со изградба на автопатот од Приштина до Блаце, кој ќе биде завршен за 42 месеци.
Акцијата за категоризација на издавачките објекти стартуваше кон крајот на мај, со цел да се откријат непријавените издавачи на соби.