Новости

Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи Газпром.
Компанијата SunWireless потпиша договор со менаџментот на СЦ Борис Трајковски со што стана ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот Аква Парк кој беше отворен во неделата.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека листата на фирми што не исплаќаат плати на вработените, а кои во моментот се околу 14.000, веројатно ќе биде објавена на есен.
Македонската страна во разумен рок да го реши прашањето со условениот увоз на пченица и брашно, прифатија Македонија и Србија на вонредната седница на ЦЕФТА што вчера се одржа во Белград.
Промоцијата се применува за сите ново-отворени сметки и активирани сметки во периодот од 15.07.2013 до 30.09.2013 година.
На официјалното прогласување беше потпишан и договор преку кој странските пазари ќе станат многу подостапни за компании од ИТ индустријата од Македонија и Балканот.
Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана на три дена ги затворија своите девет продавници во Милано, мартини барот и златниот ресторан во знак на протест поради критиките на градските власти дека избегнувале плаќање на данок.
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска ќе замине за Москва, каде утре треба да го потпише договорот за Јужен тек.
Македонија нема намера да ја повлече или да ја измени мерката за условен увоз за пченица и брашно до крајот на годината, односно до стабилизирањето на пазарот, како што беше и првично планирано.
Yahoo не беше толку заинтересиран за услугите на оваа компанија, колку за купување на нејзините талентирани вработени, коментираат аналитичарите.
Македонската винарија Стоби склучи договор со специјализираниот увозник за висококвалитетни вина United Stars Canada, преку кој Винарија Стоби успеа да направи влез на своето вино Врнаец Класик на канадскиот пазар.
ПроКредит Банка го отвори аплицирањето за избор на нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство.
Форд, која неодамна ја затвори фабриката во Саутемптон стара 40 години, ќе ја затвори и фабриката во Дагенхам на 26 јули и ќе го префрли производството во Кочаели во Турција.
Целта на оваа акција е да се информираат давателите на услуги и нивните корисници и да се воведе поголем ред во туристичката дејност.
Управата и Надзорниот одбор на компанијата предлагаат листање на акциите на Варшавската берза со цел подобрување на ликвидноста на акциите.
Детроит, колевката на американската автомобилска индустрија и некогаш четврти град по големина во САД, поднесе барање за банкрот. Со тоа некогашниот град на економски просперитет стана најголем град во американската историја што банкротирал.
Операторот Boom TV во својата понуда воведува нов телевизиски канал Klasik TV, со цел задоволување на потребите и вкусовите на поширокиот аудиториум.
Хрватската влада денеска на седница ја прифати предлог одлуката за продажба на 99,13% акции во Хрватска поштенска банка (ХПБ) и продажба на 40% акции и докапитализација на Кроација осигурување.
Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, а за патничките се очекува да биде објавен во текот на август.
Тргнувајќи од своето деветдецениско постоење, новото визуелно претставување на СКОПСКО е спој на традицијата - од која СКОПСКО ја црпи својата енергија и вредности - и модерното, на кое се надградува иднината на еден од најпознатите македонски брендови.
Украина и Русија се договорија заеднички да започнат производство на Antonov An-124 карго авион, најголемиот сериски произведен карго авион во светот кој може да носи до 150 тони товар.
Словенечката централна банка ги објави податоците за активностите на банките во првите пет месеци од оваа година. Според нив, вкупната загуба пред оданочување изнесува 117 милиони евра.
Oд 20 декември годинава, германската авиокомпанија Флај Германија ќе почне со редовни летови Скопје – Берлин и тоа два пати неделно, во понеделник и петок.
Двајцата директори разговараа и за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун.