Новости

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ се здоби со сертификат на усогласеност со ISO 20000:2011 и ISO27001:2005 - два стандарди за управување со IT сервиси и безбедност на информации.
За три години, Русија ќе ја добие првата пловечка нуклеарна централа која ќе може да ги снабдува со енергија тешко достапните реони, како и со вода за пиење во сувите области.
Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.
Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло- повардарски до крајот на годинава. Дефинираната географска ознака најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.
Street View возилата прво ќе ги снимаат улиците на Љубљана, а потоа и другите словенечки градови и места.
Седница на Секретаријатот на ЦЕФТА, по повод одлуката на Владата на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија, ќе се одржи на 22 јули во Белград, јави агенцијата Бета.
Министрите за финансии на 17 држави членки на еврозоната се договорија во следните неколку недели на Грција да и се исплатат четири милијарди евра во рамки на програмата за финансиска помош на оваа земја.
Компанијата HG Spot Informatika го направи првиот хрватски паметен телефон Forcebook UltraPhone 40. Цената е атрактивна, само 67 евра.
Агенцијата Бета повикувајќи се на извори до српското министерство за внатрешна и надворешна трговија јави дека Србија нема воведено никакви официјални мерки на реципроцитет против Македонија, која го ограничи увозот на брачно и пченица од Србија.
Водечките светски модни ланци објавија дека во идните девет месеци ќе им овозможат пристап на инспекциите до своите погони во Бангладеш според договорот со синдикатите.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, на бизнис форум во Париз ги претстави потенцијалите за инвестирање во Македонија, во инфраструктурата и енергетскиот сектор.
Србија денес наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јавува B92.
America Movil, телекомуникациската компанија на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, ќе инвестира 40 милиони долари во британската компанија Shazam, позната по мобилни апликации за препознавање на музика.
Huawei и China Mobile го покрија Монт Еверест со 4Г мрежа. Сега алпинистите на 5.200 метри надморска височина ќе можат да се јавуваат во живо и да ја споделат прекрасната глетка, благодарение на достапноста до LTE TDD 4G безжичната технологија.
Централниот депозитар АД Скопје, доби јавна опомена од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) бидејќи спротивно на Правилата за работа на ЦДХВ операторот на сметки извршил промена на адресни податоци на лице-сопственик на хартии од вредност.
Организацијата Македонија 2025 организира студиската програма во Торонто, Канада, каде неколку македонски извршни директори ќе имаат можност да следат предавања на светски експерти од бизнис сцената, како и да посетат повеќе познати канадски компании.
Прворангирана земја во која работат турските градежници е Туркменистан, каде во првите шест месеци се преземени 28 проекти во вредност од 4,8 милијарди долари. Потоа следуваат Русија, Азербејџан, Казахстан и Ирак.
Најголемиот поединечен акционер во хрватската шеќерана Виро, Маринко Задро, го продава својот удел во шеќерниот бизнис.
Преку проектот за самовработување кој се спроведува во периодот од 2007 до 2013 година во општина Куманово отворени се над 400 фирми. Најмногу заинтересирани се кумановците на возраст од 29 до 49 години.
Станува збор за 260 филијали и 4.800 вработени во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Вкупната вредност на банките е околу 1,5 милијарди евра.
Преку новата ИПАРД програма предвидено е финансирање повеќе дејности, а за истата ќе бидат одвоени 15 милиони евра за отворање на нови работни места со кофинансирање.
Според документот, во случај на потврдување на можноста за изградба врз база на заемните анализи, Газпром и ЈП Македонски енергетски ресурси МЕР ќе формираат заедничка компанија за изградба на крак со удел од 50%, со можност да се приклучат и други акционери во иднина.
Преку своите мобилни екипи Управата за јавни приходи ќе врши засилен инспекциски надзор кај приредувачите на игри на среќа, во вечерните часови и за време на викенди.
Словенечкиот производител на апарати за домаќинство Горење склучи договор за стратешко партнерство со јапонски Панасоник. Врз основа на стратешкото партнерство, Панасоник во Горење ќе инвестира 10 милиони евра и ќе стане негов трет сопственик по големина.