Новости

Во првите 3 месеци од годинава осигурителната компанија Винер, дел од австриската групација Виена Иншуренс забележа раст од 16% со полисирана премија од 244.956.146 денари.
На билатералната средба со својот колега, британскиот министер за земјоделство и храна Дејвид Хит, во Лондон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ги повика бизнисмените од Обединетото Кралство да инвестираат во Македонија.
Пратениците на Европскиот парламент се согласија да се воведат построги кривични казни ширум ЕУ за напади во сајбер просторот, особено оние што се насочени кон националната инфраструктура и упади поради крадење на чувствителни податоци.
Styria во Словенија го издава бесплатниот весник Журнал и има 25% акции на љубљански Дневник. Австријците и претходно покажаа интерес за весникот Вечер, со што би ја зајакнале позицијата на словенечкиот медиумски пазар.
Стопанската комора на Македонија е прогласена за Најкомора во регионот, а Михајло Михајловски, извршен директор на Фени од Кавадарци и директор и сопственик на Ватростална - Скопје, за најменаџер во регионот.
Халкбанк, петта по големина во Турција и банка со најголема стапка на раст во Европа од 2008 година, има 850 филијали во матичната земја и капитал од 65 милијарди долари.
Во надворешно-трговската размена Македонија во периодот јануари-мај бележи трговски дефицит од 1,01 милијарди долари, што е намалување за 50 милиони долари во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
До 2015 година железничката станица во Скопје се планира да биде целосно реконструирана. Денешната објава на тендер за избор на градежна компанија ја најави постапката за реконструкција и надградба на објектот.
Судијата оцени дека банките го повредиле колективниот интерес на потрошувачите нетранспарентно менувајќи ги каматните стапки.
Во координација со повеќе институции Министерството за економија, од денес започна засилена контрола на сите зелени пазари во Македонија, која ќе трае во следните 10 дена.
Според одлуката на Владата увозот на меркантилна пченица ќе се поврзува со извршен откуп на пченица од родот во 2013 година од домашното производство.
Исклучок на оваа мрачна прогноза се Словенија, каде се инвестира во приватизација и Србија, каде се нудат можности за остварување гринфилд проекти.
Полицијата во Босна и Херцеговина почна да собира докази во истрагата во чиј центар е компанијата Лијановиќи од Широки Бријег.
Свеченото отворање на рудник во рудник, најновата инвестиција на Русите во најголемиот македонски рудник за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица ќе се случи денес напладне.
Станува збор за полисите ДОМИ и ДОМИ +, со што на граѓаните во Македонија за прв пат ќе им биде овозможено купување полиси за осигурување на имотот преку интернет, од удобноста на својот дом.
Министерството за финансии им исплати 328,8 милиони денари (5,3 милиони евра) на 3.397 земјоделци за поддршка на сточарството.
Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив Alkaloid ilac ticaret limited sirketi со седиште во Истанбул.
Од денеска до 9 јули во експозитурите на НЛБ Тутунска банка граѓаните ќе може да се информираат за предностите и за нивните права и обврски произлезени од пензиската реформа во Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб).
Ресорните министри на Македонија, Србија и Црна Гора, Иво Ивановски, Расим Љајиќ и Вуица Лазовиќ, преку потпишување заедничко писмо до ЕК и Дирекцијата за комуникациски мрежи, побараа граѓаните на трите држави да имаат исти цени за користење роаминг услуги кога патуваат во земјите-членки на ЕУ
Истанбулската берза (Borsa Istanbul) и американската Nasdaq OMX Group потпишаа договор за партнерство според кој американската компанија ќе и обезбеди на турската страна технологија потребна да се развие во регионален финансиски центар.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое трајно се одзема дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје ги намали каматните стапки за кредитни и депозитни производи за физички лица, како и за депозитите за правни лица, со важност од 01.07.2013 година.
Извршниот директор на австриската Хипо Алпе Адриа банка, Готвалд Кранебитер, поднесе неотповиклива оставка, само три дена откако Австрија и поднесе на Европската комисија нов предлог за реструктуирање.
По гасењето, сите обиди да се влезе на оваа страница ќе бидат пренасочени кон главната страница на Yahoo.