Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП.
Владите на Италија и Швајцарија подеднакво ќе поделат 13,8 милиони евра запленети од мафијашката организација Camorra од јужноиталијанскиот регион Кампања.
Најголемо учество од 62,5% во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6%. Во увозот на стоки најголемо учество со 58,9% имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2%.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор повторно се нуди на продажба. Според пишувањето на словенечки 24ур, хрватскиот конзорциум Агрокор на Ивица Тодориќ повторно е најсигурниот кандидат за купување на овој словенечки ланец.
Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.
Скоро четворица од пет Словенци користеле интернет минатата година. Потоа следуваат две третини Хрвати, додека Македонија и Србија се на 63%.
Министерството за одбрана на САД и американската компанија Microsoft потпишале договор вреден 617 милиони долари за инсталирање на најнов софтвер во Пентагон, кој го вклучува оперативниот систем Windows 8.
Француско-холандската авиокомпанија Air France – KLM е во напреднати преговори за преземање на италијанскиот авиопревозник Alitalia до крајот на ова лето, јавуваат италијанските медиуми.
Телеком Словенија ги купи преостанатите 30% на операторот Анекс, кој е со седиште во Република Српска. Телеком Словенија купи 70% од Анекс во ноември 2007 година за 3,33 милиони евра.
Кинескиот државен фонд China Investment Corp е заинтересиран за преземање меѓу 4% и 10% удели во Daimler.
Менаџерскиот тим на новата винарија, која наесен ќе никне во Кавадарци, информира дека подготовките околу нејзината изградбата интензивно се одвиваат.
Следејќи ја традицијата да носи насмевки и искрена радост за време на празниците, софтверската компанија Сивус и оваа година организираше повеќе донаторски акции, во Македонија и во Танзанија.
Поради силниот франк, скапите швајцарски скијачки центри станаа уште поскапи, па скијачките терени сред сезона се скоро празни.
Во рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, денес во општина Гевгелија започна кампањата Штедам енергија.
На вчерашната седница на Владата беше одлучено стипендиите за средношколците во Република Македонија за учебната 2012-2013 година да се зголемат за 25%.
На својата Facebook страна Шкода објави план според кој во новата година на купувачите ќе им понуди шест нови модели автомобили
Кон крајот на овој месец започнува изградбата на хотелот Marriott во центарот на Белград, најави претседателот на компанијата ПСП Фарман, која ќе ги врши градежните работи, Бранислав Грујиќ.
Од министерството за финансии информирааат дека јануарската пензија односно социјалната парична помош денес е исплатена во целост.
Италија ја блокираше употребата на кредитни и дебитни картички во Ватикан поради нетранспарентно работење. Од оваа година туристите за влезници во музеи, сувенири или било што друго ќе мораат да плаќаат во готово.
Киното Cineplexx по повод претстојните Божиќни празници ќе организира семејна забава исполнета со многу активности.
Шест земји забранија увоз на говедско од Бразил, откако минатиот месец беше потврдена појава на случаи на атипичен облик на заболувањето “луди крави”.
Јужнокорејскиот автомобилски концерн Hyundai-Motor, во кој е вклучена и KIA, оваа година очекуваат да продадат преку седум милиони автомобили. Hyundai и Kia се на петто место на најголеми произведувачи на автомобили, а пред нив се Toyota, Volkswagen, General Motors и Ford.
Al Jazeera објави дека ја купува Current TV, кабелска телевизија која со партнери ја основа поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Со ова се зацврстува влијанието на катарската телевизија во САД.
Преку акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, годинава Владата ќе започне со градба на 474 станови во пет градови во Република Македонија.