Технологија

Следната година Twitter ќе биде подготвен за иницијална јавна понуда, според пишувањето на Форбс. Неговата пазарна вредност е проценета на 11 милијарди долари, според проценките на Гринкрест.
Следниот iPhone ќе вклучува нова touch-sensor технологија, два екрани со различнa големина и ќе биде достапен во пет бои, најавуваат во светските медиуми.
Sony одлучи да го запре производството на конзолата PlayStation 2, која на пазарот се појави уште во март 2000 година во Јапонија, а во Европа стигна неколку месеци подоцна. Од тогаш е продадена во преку 150 милиони примероци.
Најголемиот хрватски произведувач на компјутери М Сан група развива прв хрватски паметен мобилен телефон, пандан на iPhone на Apple и Galaxy на Samsung, кој ќе работи на Андроид, а на пазарот би можел да се појави кон средината на оваа година.
Американскиот деловен портал Business Insider, вчера објави дека откако ги создаде iPod, IPhone и Ipad, компанијата Apple наводно работи на создавање на iWatch-паметен часовник.
Компанијата Microsoft го презентираше Windows 8 за своите клиенти во целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Широк спектар на опции за хардвер, нови понуди и апликации се само дел од можностите што ги нуди Windows 8.
Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai пред три дена го најави нивниот концепт “Connected Car”, кој им овозможува на возачите да ги користат своите смарт телефоните како клучеви од автомобил.
IBM (International Business Machines Corporation), тврди дека уредите на иднината ќе ни овозможат виртуелно да ја почувствуваме облеката пред да ја купиме, ќе ни возвраќаат на нашите мисли и ќе имаат развиени сетила
Она што беше најавено минатиот месец од страна на Twitter, до крајот на годината ќе се исполни. Имено, станува збор за можноста сите корисници да си ги преземат своите твитови. Дел од твитерџиите веќе почнаа тоа да го прават.
Македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus, успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред 2 месеци.
Македонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век.
Вонредното собрание на Сименс д.д. донесе одлука за издвојување на стопанска целина, дивизија CMT (комуникации, медиуми и технологии) од 1 јануари 2013 година.
Макфакс независната новинска агенција, ја лансираше својата прва мобилна апликација за iPhone и iPad, која е целосно оптимизирана за последните модели на овие уреди.
Сте посакале ли некогаш да се најдете очи во очи со вашиот омилен актер или актерка? Ние не можеме да ви го исполниме тоа, но затоа луѓето од Sony Pictures Technologies направија нешто што многу ќе ве доближи до таквото искуство – нивниот прв ултра HD телевизор.
Поради сериозните проблеми, финскиот произведувач на мобилни телефони Нокиа ја продаде зградата во Еспо во која беше сместено седиштето, на финската Exillion Capital за 170 милиони евра.
ФИНКИ (Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство), е повторно хуман, зема учество во проектот “Еднаков пристап за лица со посебни потреби преку сервисното учење”, проект кој е помогнат од Американската Алумни Асоцијација.
Momentum Machines, старт - ап компанија за изработка на роботи, која е со седиште во Сан Франциско, е на пат да ја револуционира Fast food индустријата преку автоматска машина за правење бургери.
Шведскиот гигант за производитство на телекомуникациска опрема Ericsson излезе со соопштение дека поднел тужба пред американскиот суд против јужнокорејската компанија Samsung поради кршење на патенти.
Компанијата Самсунг е подготвена да започне со производство на смарт телефони со еластични екрани. Со оваа нова технологија телефоните би биле потенки, полесни и некршливи при пад.
Самсунг е повторно пред Финската Нокиа како најголем производител на мобилни телефони во глобални рамки.
Не зборуваме за вселенски одела, роботи и слично, туку за навидум сосема обични, но импресивни и практични производи кои достојно си го заслужија местото помеѓу најдобрите изуми за 2012. Да видиме кои се тие.
Микрософт реши дека е време да му каже збогум на Месинџер, но не и на неговите 100 милиони корисници. Скајп сега станува главен сервис за виртуелна комуникација ќе ги превземе корисниците на Месинџер.
PredictGaze е една од неколкуте компании кои веруваат дека иднината на човештвото е во контролата без допир. Имено, еден од дизајнерите на PredictGaze, Кетан Банјар, сака да создаде природни начини на кои ќе може да се контролира се, почнувајќи од телевизијата, па се до автомобилот.
Двата главни настани на Интел кои се фокусираат на европското истражување, развој и иновации Истражување@Интел Европа (Research@Intel Europe) и Европската конференција за истражување и иновации (ERIC), се одржаа во Барселона, Шпанија на 22 и 23 октомври 2012 година.