Фото: Kickstarter
Kevin е уред што користи IoT технологија за да имитира присуство на луѓе во домот. Преку симулирање на светлина, сенки и звуци Kevin ги држи провалниците надвор, кои не се осмелуваат да влезат мислејќи дека има некој во домот.
Уредот којшто умее да имитира и разговори, е лесен за користење и може да се постави во било која соба од куќата или станот, односно онаму каде фреквенцијата на движење е најголема. Се управува преку копчињата на кутијата или преку апликација. Доаѓа со англиска и германска поддршка, но може да се инсталираат и дополнителни јазици.
Корисникот го управува преку три копчиња или далечински преку мобилна апликација. Во однос на потрошувачка уредот троши 60W кога сите функции се на максимум.
Kevin има своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter и досега има собрано 59.257 долари од потребните 53.660 долари. Кампањата трае уште 34 дена.