По освежувањето на малиот Stonic, Kia објави фотографии од Stinger, откривајќи освежен дизајн за спортскиот седан со високи перформанси.
Обновениот модел, откриен со спецификација за корејскиот пазар, може да се пофали со мали ажурирања во дизајнот, како внатре, така и надвор. Kia е доста вредна во периодов на промотивен план, со освежувања на Stonic, како и лансирање на Sonet. Надвор, промените го освежуваат дизајнот на автомобилот и на купувачите им даваат повеќе опции за прилагодување. Внатре, надградениот Stinger нуди поудобен простор во кој ќе патувате, со ревидиран дизајн, нови поквалитетни материјали и ажурирања на инфозабавниот систем.
Карим Хабиб, постар потпретседател и раководител на Kia Global Design коментира: #Stinger проектира елеганција и удобност, а исто така и одлична намена за возење на долги патеки. Новиот модел се базира на дизајнот на gran turismo автомобил што го воведовме пред три години. Модерен со суптилна агресија за подобрување на неговото присуство на патот. Внатрешноста, исто така, е подобрена и новите дизајнерски елементи и технологии вклучени во Stinger ги потврдуваат неговите ингеренциите за безпрекорен grand tourer“.
Ажуриран надворешен изглед
На предната страна на Stinger, решетката во облик на носот на тигар се наоѓа помеѓу новите светлосни групи, со нов дизајн на дневните LED светла. Новиот дизајн има потема внатрешност и му даваат повисоко-технолошки светлосен потпис, со остри линии заоблени малку кон предниот дел на автомобилот.
На задниот дел, новата светлосна комбинација прикажува нов потпис, со што се протега низ целата ширина на автомобилот, имитирајќи ја формата на суптилниот спојлер интегриран во капакот. Новите сигнали за вртење содржат колекција од 10 индивидуални LED единици, распоредени во мрежа.
Кабина со нови опции на боја и подобрен екран
Додека архитектурата на кабината во надградениот Stinger останува непроменета, удобниот простор за пет патници, може да се пофали со низа суптилни додатоци. Овие визуелни и материјални надградби се дизајнирани за полуксузен амбиент.
Во зависност од спецификацијата, контролната табла и вратите се завршени со ново контрирање на боите, додека централната конзола е достапна со алуминиум или карбонски влакна. И двете мерки ја подобруваат спортската природа на кабината. На сето тоа е додаден и новиот екран на инфозабавниот систем кој е со размер од 10,25 инчи и е акцентиран од новиот сјаен црн финиш. Кабината исто така има нов систем на осветлување, дозволувајќи им на возачите да изберат една од 64 бои за суптилно да го променат карактерот на кабината.
Преземено од Avtoplus.mk