За прв пат бројот на богати Кинези го надмина бројот на богати Американци, пишува Reuters.
Според анализа направена од страна на швајцарската банка Credit Suisse 100 милиони жители на Кина се рангирани во најбогатите 10% во светот, додека бројката на милијардери од САД е 99 милиони.
Бројката на милијардери во светот порасна за 1,1 милион и сега изнесува 46,8 милиони. Овие богаташи заедно поседуваат 158,3 илјади милијарди долари во нето приходи или 44% од вкупната сума на глобално ниво.
Намалување на бројот на милијардери е забележан во Австралија или 124.000 помалку од лани, Велика Британија “изгубила“ 27.000, додека Турција 24.000.
Според анализата, 55.920 возрасни вредат најмалку 100 милиони долари, 4.830 имаат нето приходи над 500 милиони долари.
Фото: Pexels