Ко-основачот на Twitter има намера да создаде нова социјална мрежа

144

Коосновачот на Твитер Џек Дорси тестира нова апликација за социјалните мрежи, јавуваат американските медиуми.

Една недела пред Маск да го преземе Твитер, Дорси објави дека неговата социјална апликација Bluesky е во бета-тестирање.

„Следниот чекор е да започнеме со тестирање на протоколот. Развојот на дистрибуирани протоколи е тежок процес. Ова бара координација на многу страни откако ќе се постави мрежата, така што ќе започнеме во приватна бета верзија да ги решаваме проблемите“, се вели во соопштението за печатот на компанијата.

Како што продолжува тестирањето, компанијата вели дека ќе сподели детали за тоа како функционира сето тоа.

„Кога ќе биде подготвено, ќе преминеме на отворена бета верзија“, се додава.

Bluesky првично беше основан од Twitter во 2019 година за да помогне во развојот на сличен децентрализиран концепт за гигантот на социјалните медиуми. Дорси се повлече од одборот на Твитер во мај 2022 година и поднесе оставка како извршен директор на Твитер во ноември 2021 година.