Фото: Pixabay
Добрите ментори треба да ги знаат предностите и слабостите на претприемачот за да можат да советуваат во согласност со неговите/нејзините можности.
Желба да помогне
Менторот, првенствено, треба да биде личност која е заинтересирана за бизнисот на претприемачот и сака да помогне.
Искуство
Тој/таа треба да има искуство на тоа поле. Доколку и самите имале позитивно искуство со ментори, шансите добро да го пренесат знаењето и вештините се поголеми.
Добра репутација
Никој не сака ментор со лоша репутација. Добриот ментор треба да биде познат по своите добри дела.
Време и енергија
Покрај желбата да помогне менторот треба да има време и енергија за да се посвети на вас и вашиот бизнис.
Добро совладани вештини и знаења
Менторот мора да биде во тек со технолошките достигнувања и да ги има совладано потребните вештини и знаења без кои не би можело да се функционира во светот на бизнисот.
Умешност истите да ги демонстрира
Знаењата и вештини би биле бесполезни доколку менторот не умее добро да ги презентира на претприемачот. Тој/таа треба првенствено да знае да го води претприемачот преку коучинг, советување и мрежни вештини (networking).
Став за учење
И покрај тоа што менторот на еден начин го учи претприемачот и самиот треба да има желба и позитивен став за учење и сопствено надградување.
Трпение
Доколку менторот нема трпение да ги ислуша идеите, целите, потребите и грижите на претприемачот, самото менторство нема да биде ефективно. Трпението е повеќе од потребно особено кога претприемачот за прв пат го осознава светот на бизнисот.
Доверливост
Врската помеѓу менторот и претприемачот се темели на доверба и меѓусебно почитување. Понекогаш патот до успехот може да биде многу трнлив, па затоа менторот треба да влева чувство на сигурност кај претприемачот.