Кои се најскапи земји во Европа и светот?

76

nyon-3259419_960_720Фото: Pixabay

Државите од источна Европа се значително поевтини од оние во западниот дел на стариот континент. Најевтина земја во Европа е Украина, која е на 113-то место во светски рамки, потоа следи Косово кое е на 109-то место, а на 101-то место се наоѓа Молдавија…Ова се само дел од статистиките за цените за живот во земјите ширум светот објавени на Numbeo.com.

Посочените статистики се правени врз основа на индексите за трошоци на живот, кои се добиени по основ на 50 фактори, меѓу кои и оброк во ресторан од средна категорија, членарина во теретана, како и врз основа на цените на шише вино или чаша точено пиво.

Статистиките укажуваат дека ако сакате да поминете супер евтин одмор во Европа, најсоодветни за тоа се земјите од Балканот. Очекувано, пак, Швајцарија се наоѓа на топ листата на најскапи земји во Европа, а втора е во светски рамки. На таа листа се и Ирска, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија, Израел…

Конечните податоци и анализи укажуваат дека животот во земјата на чоколадите, сирењето и планинскиот воздух, не само што е чини скапо, туку таа е и меѓу земјите чии жители се вбројуваат во помалку љубезните, за разлика на пример од балканците.

Според статистиката, најевтино се живее во Украина, Пакистан, Египет, Тунис, Косово, Грузија, Азербејџан, Бангладеш и Алжир.