Во секоја земја здравственото осигурување различно се плаќа и подложи на услови најчесто диктирани од самата држава. Разликите во плаќањето на овој вид на осигурување се големи. Некаде за здравствено осигурување се плаќа и над 8.000 по човек, додека има и такви каде за истата цел се одвојуваат околу 540 долари.
Според истражувањата на Organization for Economic Co-operation and Development (OECD), следниве земји трошат најмногу пари за здравствено осигурување:
САД издвојуваат 8.047 долари по жител или 14% од својот БДП за оваа цел, додека животниот век во просек е 78,7 години.
Луксембург – 5.506 долари, или 5,3% од БДП. Животен век 82,3 години.
Норвешка – 5.399 долари или 8,9% од БДП. Просечен животен век 82,5 години.
Швајцарија – 5.030 долари или 7,7% од БДП. Животен век 82,9 години.
Германија – 4.869 долари или 9,6% од БДП. Очекувања за животен век 80,6 години.
На топ десет листата се приклучуваат и Шведска, Холандија, Данска, Франција и Австрија, што значи дека со исклучок на САД, доминираат европските земји.
Фото: Pixabay