Словенија во текот на минатата година реализирала извоз во висина од 44,9 милијарди долари, со што е најголем извозник во регионот, според расположливите податоците на World’s top exports.
Податоците покажуваат дека 74,2% од производите што се извезени од Словенија се увезени од страна на: Германија (17,5%), Италија (11,2%), Хрватска (7,6%), Австрија (6,5%), Швајцарија (5,6%)… Исто така, 90,1% од извозот на Словенија е наменет за земјите членки на Европската унија, додека 5,7% завршува на пазарите во Азија.
Втор најголем извозник лани беше Грција, којашто извезе производи надвор од своите граници во вредност од 37,8 милијарди долари. Вкупно 65,2% од извезените производи од Грција завршуваат на пазарите во земјите членки на Европската унија, додека 20,5% во Азија, а мал процент од 4,8% на пазарите во Северна Америка.
Бугарија минатата година реализираше извоз од 33,3 милијарди долари, со што е трет најголем извозник од земјите во нашето окружување. Над 64% од производите извезени од Бугарија се наменети за: Германија (14,8%), Романија (8,7%), Италија (7,4%)… Поголемиот дел од извозот на земјата, односно 74,5% е наменет за пазарите на земјите членки на Европската унија, додека 15,7% отпаѓа на пазарите во Азија.
Следува Србија, којашто минатата година имаше извоз на производи во висина од 19,5 милијарди долари. Најголем дел од извозот на српски производи е за: Германија, Италија, Босна и Херцеговина, Романија, Русија… Најголемиот дел или 90,6% од извезените производи се продаваат на пазарите во земјите на ЕУ, а помал процент од 6% во Азија, 1,9% во Северна Америка, 1,2% во Африка и Латинска Америка со 0,2%.
Петата позиција според извоз го зазема Хрватска, од каде што лани беа извезени производи во вредност од 17,4 милијарди долари. Извозни таргети на Хрватска лани беа: Италија (13,58%), Германија (12,9%), Словенија (10,5%), Босна и Херцеговина (10,1%)… Податоците покажуваат дека 89,4% од извозот на Хрватска е за Европската унија, додека 5% за Азија.
Следна е нашата земја, чиј извоз лани се позиционираше на 7,2 милијарди долари. Според World’s top exports, 83,5% од извозот на Македонија оди за: Германија (48,7%), Србија (8,5%), Бугарија (4,9%), Белгија (3,3%), Италија (2,7%), Грција (2,7%), Унгарија (2,6%), Романија (2,4%), Кина (2,3%), Велика Британија (2,2%), Холандија (1,6%) и Шпанија (1,5%).
Наш најголем извозен партнер се земјите членки на ЕУ, каде што завршуваат 93,8% од производите извезени од Македонија. Потоа, 4,5% од извозот оди за Азија, 1% за Северна Америка, а 0,4% за Африка.
Зад нас е Босна и Херцеговина со извоз од 6,6 милијарди долари во текот на минатата година. Од оваа земја 82,7% од извозот оди во: Германија, Хрватска, Србија, Италија… Вкупно 93,2% од извозот на БиХ е наменет за ЕУ, додека 4,5% за азискиот континент.
Фото: Pixabay