Која е првата дама на САД

109

Шеесет и деветгодишната Џил Бајден, постојано била покрај нејзиниот сопруг Џо Бајден, кој беше потпретседател на САД во времето на Барак Обама.

Џил е горда мајка и баба, што важи за голема потпора на својот сопруг уште во времето кога се запознале, а тоа бил исклучително тежок период за Бајден, бидејќи ги загубил сопругата и ќерката во сообраќајна несреќа.

Првата дама на САД е родена во 1951 година и порасна во предградие на Филаделфија. Нејзиниот татко работел како шалтерски службеник во банка, а нејзината мајка била домаќинка. Од првиот сопруг се развела кога го сретнала Бајден, а се венчале во 1977 година. Таа ги прифатила двата сина на Џо, а во 1981-ва година ја родила ќерката Ешли.

Додека се грижела за семејството, Џил добила две магистерски дипломи, а има и докторат и предава на Универзитетот во Вирџинија. Таа веќе со децении е универзитетски професор што предава англиски јазик.

Нејзините досегашни активности во Белата куќа вклучуваат иницијатива за здружување на силите со поранешната прва дама, Мишел Обама, која работи на на поддршка на припадниците на воените служби, ветераните и нивните семејства во добивање на потребните привилегии во текот на целиот живот.

Приоритет ѝ се и истражувањата на рак на дојка и поради тоа ја основала Biden Breast Health Initiative во 1993 година.

Како прва дама на Америка ќе биде активна во повеќе сфери, а ќе се залага и за бесплатно школување, финансирање на истражувања на рак и поддршка на воените семејства.

Фото: Facebook