Фото: Pixabay
Со просечна плата од 100.000 долари, програмирањето го освојува светскиот пазар, пишува money.usnews. Како што технологијата навлегува во секоја област од нашето живеење, така вртоглаво расте и побарувачката на програмери во светски рамки. Нивната работа се состои од изработка, одржување и поправање на програми за мобилни апликации или компјутери, притоа грижејќи се за нивната функција и форма.
Во светот само 1,6% од дипломираните програмери се невработени, покажуваат статистиките. Добрата вест е дека се очекува можностите за работа за оваа професија да се зголемат за 30% до 2026 година. Тоа значи дека ќе отворат дополнителни 253.400 работни места само во следниве неколку години.
И во Македонија, полека но сигурно, компјутерското програмирање стигна на врвот на најплатените професии во земјава. Како што расте потребата од кадри во оваа професија, така растат и платите. Според статистичките податоци, во последниве пет години платата на програмерите во Македонија пораснала за скоро 70%.