Во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи меѓународната конференција на тема Законски рамки и практики за вработување на лицата со инвалидност.
Целта е размена на искуства и добри практики поврзани со можностите за вработување на лицата со инвалидност, дадени од гледиштата на владини претставници, национални експерти и НВО секторот од земјите во регионот.