Сојузот на стопански комори денеска, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, организира конференција на тема Прекугранична соработка и претприемништво.
На конференцијата, по официјалниот дел на кој ќе се обратат министрите за економија и за локална самоуправа, Беким Незири и Лирим Шабани, предвидени се панел дискусии. На првата, со претставници од централната и локалната власт, ќе се разговара за потенцијалите за бизнис соработка, легислативата и идните насоки за подобрување на економските врски меѓу двете земји, додека на втората, стопанственици ќе ги претстават своите капацитети, искуства и потенцијали за соработка со Албанија.
Најавено е учество на високи меѓународни претставници, на градоначалникот на Тетово Теута Арифи, како и на бизнисмени од Македонија и Албанија.