Крај за проектот Набуко

68

nabucco-tapКонзорциумот Набуко Вест, кој се натпреваруваше за изградба на гасовод со кој гасот од Азербејџан би се пренесувал во Европа, не е избран за таа работа, соопшти австриската енергетска компанија OMV, раководител на проектот.

Конзорциумот Shah Deniz II не го избра проектот Набуко Вест, соопшти OMV, наведувајќи ја причината за тоа поголемата цена на гасот во јужна Европа.
За пренос на гас во Европа се натпреваруваа Набуко Вест на чело со австриски OMV и Транс-јадранскиот гасовод (ТАП), предводен од норвешки Statoil, швајцарски Axpo и германски E.ON Ruhrgas.

Трасата на Транс-јадранскиот гасовод би се движела од Турција преку Грција и Албанија до Италија, со можност за поврзување на Хрватска и Црна Гора. Оваа траса е за 400 километри пократка од трасата на Набуко, која беше предвидено да минува од Турција преку Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија. Во проектот Набуко, освен австриски OMV, како акционери учествуваат Бугарскиот енергетски холдинг, унгарски МОЛ и романски Трансгаз.

Наоѓалиштето Shah Deniz II во Каспиското море спаѓа меѓу најголемите гасни полиња во светот, а го предводи британскиот гигант British Petroleum.