Џефри Хинтон, инженер на Google кој се смета за креатор на вештачката интелигенција, поднесе оставка и сега предупредува за опасностите од понатамошниот развој на вештачката интелигенција.
Хинтон работи во Google повеќе од една деценија и е одговорен за технолошкиот пробив од 2012 година, кој служи како основа за актуелната вештачка интелигенција како ChatGPT. Тој во изјава за Њујорк Тајмс најави оставка од Google, велејќи дека сега се кае за својата работа.
„Се тешам со нормалниот изговор: да не го направев јас, ќе го направеше некој друг“, изјави тој за весникот.
„Тешко е да се види како можете да ги спречите лошите луѓе да го користат за лоши работи“, рече Хинтон за вештачката интелигенција.
Хинтон рече дека напредокот забележан од 2012 година е зачудувачки, но веројатно само врвот на ледениот брег.
„Погледнете како беше пред пет години и како е сега“, рече тој за индустријата.
„Тоа е страшно“, додаде тој.
Стравовите на Хинтон ги повторуваат оние изразени од повеќе од 1.000 технолошки лидери претходно оваа година во јавното писмо во кое се повикува на краток прекин на развојот на вештачката интелигенција. Хинтон тогаш не го потпишал писмото, а сега вели дека не сакал да го критикува Google додека бил во компанијата.
Фото: Facebook