Просечната цена на метар квадратен стан во новоградба во Црна Гора во вториот квартал изнесувала скоро 1.150 евра, што е за 0,7% помалку во однос на истиот период лани, соопшти црногорскиот завод за статистика Монстат. Цената на становите во новоградба е за 6,5% помала во однос на првиот квартал од оваа година, пишува Побједа.
Највисоката просечна цена на станови во новоградба во вториот квартал е договорена во Будва и изнесува 1.890 евра по квадрат. Во Подгорица просечната цена на станови изнесува скоро 1.100 евра, а во Бар 1.020 евра.
Од Монстат појаснуваат дека податоците ги опфаќаат новоизградените продадени станови, односно оние за кои е склучен договор за купопродажба.