Во соработка со данското архитектонско студио LUMO, британската компанија за автомобили Land Rover дизајнира пренослива кабина во којашто може да преноќат две возрасни личности при температури од – 20 степени.
Кабината има површина од 3,5 метри квадратни и нејзините делови се конструирани да може да се спакуваат во багажникот на автомобилот Discovery Sport.
Од компанијата велат дека дизајнирале компактна божиќна кабина за авантуристи кои сакаат да седнат во автомобил и да се “изгубат” во дивината.
“Сакавме да создадеме кабина за Божиќ карактеристична за Land Rover, а пространиот Discovery Sport беше идеален за овој проект. Седиштата се собираат со притискање на едно копче и се ослободува голем простор, а во него има и скриени места за складирање“, вели Хелен Али од компанијата Land Rover.
При изработката на кабината користени се одржливи материјали што имаат минимално влијание врз животната средина.