Фото: Facebook
Словенечката компанија Mediately доби 500.000 евра од бугарскиот инвестиционен фонд LAUNCHub, пишува Startit.
Оваа инвестиција ќе ѝ послужи на компанијата да го прошири својот тим во Србија и во другите земји во регионот.
Mediately прави мобилни апликации наменети за лекари и фармацевти во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, а наскоро и во Романија. Нивната апликација Baza lekova на лекарите и другите медицински лица им овозможува брзо да најдат информации за одредени лекови. Другата апликација RheumaHelper на ревматолозите им го олеснува дијагностицирањето и следењето на ревматските болести.
LAUNCHub е фонд со седиште во Софија, којшто инвестира во стартапи од Бугарија и земји од Југоисточна Европа.