Фото: Pixabay
Можеби изгледа пристојно ако се воздржите од гласно кивање во јавност, но тоа воопшто не е добро за вашето здравје.
Додека киваме, воздухот од нашите ноздри лета со брзина од 160 километри на час.
Запирањето на кивањето го насочува целиот притисок во ушите, па може да дојде до оштетувања, на пример пукање на ушното тапанче, губење на слухот и вртоглавица што нема да помине за брзо време.
Можат да настрадаат и крвните садови во очите, односно да дојде до нивно пукање поради притисокот, а се случува да се оштети и дијафрагмата.
Ако имате посилен налет на кивање и се воздржите може да го повредите вратот, да се распукаат свежи рани од операција (кај оние кои оперирале синуси). Во најлош случај може да се случи и пукање на крвни садови во мозокот што може да биде и фатално.
Затоа, ако ви дојде да кивнете во јавност, не срамете се, цената што може да ја платите не е вредна за тоа. Едноставно, ставете марамче или салфетка на устата и носот и слободно и гласно кивнете.