Little Sophia – мини робот што ги учи децата и разговара со нив

62

Фото: Kickstarter

Hanson Robotics компанијата од Лос Анџелес, којашто го создаде човеколикиот робот Sophia, сега на пазарот претстави помала верзија наречена Little Sophia. Станува збор за мини робот, висок само 36 сантиметри, наменет за деца од 7 до 13 годишна возраст.

Малата Софија знае да оди, зборува, умее да се смее, да игра игри, па дури и да кажува шеги. Може да се програмира преку соодветна апликација за iOS и Android уреди, со користење на јазиците Blockly и Python. Со нејзина помош децата учат математика, кодирање, наука, технологија и вештачка интелигенција на интерактивен и безбеден начин.

Интеракција помеѓу корисниците и Little Sophia се базира на раскажување приказни и учење на нови нешта.

Исто како и нејзината “поголема сестра“ и Малечката Софија е љубопитна, игрива и покажува разни емоции преку лицето. Реагира на наредби и активно се вклучува во разговори.

Мини роботот има и своја кампања на платформата Kickstarter која што трае уште 58 дена. Првите испораки се очекуваат на крајот на годината.