Фото: Pixabay
Лондон од денеска станува град што воведува построги мерки за возила што се големи загадувачи, односно не го исполнуваат минимум евро шест стандардот, пишува The Guardian.
Дневниот надоместок, што ќе изнесува околу 28 евра, ќе ја плаќат возачите кои со автомобили влегуваат во централниот дел на градот.
Се проценува дека оваа мерка на властите во Лондон ќе погоди околу 2,5 милиони автомобили и комбиња за превоз коишто сообраќаат во градот.